• ЕДНА КАРТИЧКА, МНОГУ ПРИДОБИВКИ
    Visa Gold од Стопанка банка.

Колку повеќе VISA Gold трансакции – толку повеќе донации на Стопанска банка

 

Стопанска банка АД – Скопје, како општествено одговорна банка, воведува Хуманитарен Програм, во кој учествуваат сите корисници на VISA Gold кредитните картички. Имено, без никаков дополнителен трошок за корисниците, со секоја трансакција направена со Вашата VISA Gold картичка, Банката донира во хуманитарни цели. Односно, со секоја трансакција во износ до 5.000 МКД, Банката издвојува 5 МКД за хуманитарни цели, додека пак со секоја трансакција над споменатиот износ овозможувате донација од 10 МКД. Со користењето на картичката, не само што добивате најдолг грејс период (до 50 дена), уживате во премиум статусот и поволностите кои ги нуди, туку и го зголемувате Вашиот придонес кон заедницата.

Изборот на донацијата од собраните средства ќе биде направен во соработка со корисниците на VISA Gold картичките во текот на годината.