Затоа што заслужувате повеќе, добивате повеќе!

Golden Club претставува пакет на поволности кои ги добиваат корисниците на златни картички на Стопанска банка (дебитни и кредитни). Имено покрај одличните и ненадминати функционални карактеристики на дебитната и кредитната Visa Gold картичка на Стопанска банка, корисниците ги добиваат пакетот на Golden Club поволности, попусти и ексклузивни бенефиции:

  • Приоритет во услугата во сите филијали на Банката наменети за опслужување на СБ Ексклузив клиентите
  • Програм со ексклузивни попусти и поволности кај реномирани трговци во земјата и странство. Попустите кај домашните трговци потребно е да ги побарате пред плаќање на истите!
  • Попустите и поволностите во странство се обезбедени од меѓународната платежна организација Visa Int.  достапни за увид преку следниот линк: www.visacemea.com/wv/gold/privileges.jsp
  • Учество во програмот за донации на Стопанска банка – колку повеќе ја користите Visa Gold кредитната картичка – толку повеќе Стопанска банка ќе одвои за хуманитарни цели (5 денари за секоја ваша трансакција на износ до 5000 денари и 10 денари за секоја ваша трансакција на износ над 1000 денари).
  • Кеш Бек програмот преку кој 1% од сите ваши купувања со Visa Gold кредитната картичка, во форма на попуст (Кеш Бек) банката го враќа на вашата сметка. Колку повеќе трансакции – толку повеќе добивка за вас.

Visa Gold кредитните и дебитните картички на Стопанска банка обезбедуваат потврда на вашиот општествен статус кој се препознава при секоја употреба на картичката во продажната мрежа во Македонија или странство.

 

VISA Gold Кредитна картичка

Visa Gold кредитната картичка за Стопанска банка е наменета за клиентите со високи месечни примања и/или посебен општествен статус. Предуслов за добивање на картичката се годишни нето примања од минимум 480.000 денари или висок износ на штедни влогови во Банката. Покрај препознатливиот премиум статус, корисниците на оваа картичка добиваат и премиум услови со кредитен лимит до 600.000 денари и 50 дена грејс период (најдолг грејс период на пазарот).

Аплицирајте за VISA Gold кредитна картичка тука.

 

VISA Gold Дебитна картичка

Престижна Visa Gold  дебитна картичка наменета за лица со повисок животен стил и повисоко ниво на потрошувачки карактеристики. Картичката е со меѓународна важност и најширока прифатеност насекаде во светот.

Visa Gold дебитната картичка е вашата VIP влезница во ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички кои насекаде се препознаени и наградени со највисоко ниво на услуга.